Connect with us

Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?

Постои голема веројатност авантурата на Дарвин Нуњез во Саудиска Арабија да заврши по само половина сезона. Напаѓачот на Ал-Хилал може да стане дел од размена со Фенербахче, откако актуелниот лидер во саудиската лига покажува интерес за Јусеф Ен-Несири.

Уругвајскиот напаѓач не е задоволен во својот сегашен клуб и е отворен за трансфер, особено ако тоа значи враќање во европскиот фудбал.


Покрај тоа, Ал-Хилал одамна го следи Ен-Несири, па би ја прифатил и размената со истанбулскиот клуб. Саудиските медиуми, сепак, не прецизираат дали трансферот би вклучувал финансиска компензација за тимот од Ријад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови