Connect with us

Дарко Додев на печалба во Казахстан

Македонскиот репрезентативец Дарко Додев и официјално ја продолжува кариерата во Казахстан. Напаѓачот е промовиран како нов фудбалер на прволигашот Алтаи, со што и дефинитивно завршија сите шпекулации околу неговиот трансфер.

По комплетирањето на потребната документација, визата и останатите административни процедури, Додев му се приклучи на својот нов клуб и беше официјално претставен како засилување за новата сезона.

Со овој трансфер завршува сагата околу иднината на еден од најдобрите фудбалери во Првата македонска фудбалска лига во изминатиот период. Добрите настапи му донесоа и повик во македонската репрезентација, за која настапи на јунските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

За Додев ова ќе биде нов интернационален предизвик, а во Алтаи ќе се обиде да го потврди квалитетот што го прикажуваше на домашната сцена и да остави значаен белег во казахстанскиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови