Connect with us

Даниел Малдини предизвикал сообраќајна несреќа, а бил под дејство на алкохол, но и наркотици

Даниел Малдини се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност по сообраќајната несреќа што ја предизвика во неделата во раните утрински часови.

Италијанските медиуми денеска објавија сериозни детали за инцидентот. Според нивните информации, фудбалерот на Калјари управувал возило под дејство на алкохол, а тестирањето покажало и присуство на недозволени супстанции.

Малдини бил двапати тестиран за алкохол. На првото мерење биле регистрирани 0,91 мг/л, додека на второто резултатот бил 0,89 мг/л. Дополнително, тестот за наркотици бил позитивен, пренесуваат италијанските медиуми.

Во несреќата учествувале вкупно шест лица. Покрај Малдини, во инцидентот биле вклучени две жени на 20 и 22 години, како и тројца мажи на возраст од 19, 20 и 21 година. Фудбалерот завршил во болница по несреќата.

Случајот веќе има и спортски последици. Италијанските медиуми тврдат дека Малдини поради инцидентот најверојатно нема да се најде на списокот на репрезентацијата за претстојните натпревари во септември и октомври.

Казна го очекува и од Калјари. Клубот сигурно ќе реагира, но засега нема информации каква санкција ќе му биде изречена.

Само еден ден претходно Малдини беше херој на Калјари, откако му донесе победа на тимот. Но, наместо продолжение на позитивната приказна, 24 часа подоцна неговото име се најде во сериозен инцидент кој може да има значителни последици за неговата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови