Connect with us

Даниел Малдини повторно смени клуб во Серија А

Од Калјари официјално го објавија ангажманот на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој пристигнува на позајмица од Аталанта.

Договорот е реализиран како позајмица за 1 милион евра, со условна задолжителна опција за откуп во висина од 8+1 милион евра. Доколку опцијата биде активирана, договорот на 24-годишниот фудбалер ќе биде на пет сезони.

Така, синот на Паоло Малдини ќе го облече дресот на седмиот различен клуб во Серија А. Освен за својот матичен клуб Милан и Аталанта, офанзивниот фудбалер настапувал и за Специја, Емполи, Монца и Лацио, главно како позајмен играч.

Италијанецот, кој има шест настапи за репрезентацијата на Италија, вкупно одигра 22 натпревари и постигна три гола за тимот од Бергамо. Аталанта го ангажираше на почетокот на 2025 година за 13 милиони евра плус бонуси од Монца.

Сепак, минатата зима го испратија на позајмица во Лацио, каде што запиша 14 настапи и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови