Connect with us

Даниел Аврамовски на чекор до трансфер во Динамо Букурешт

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски, кој мометално, е без клуб, е на чекор да му се приклучи на романскиот клуб, Динамо Букурешт. 26-годишниот играч од средниот ред ја раскина соработката со турски Кајзериспор на почетокот на септември.

Сега, како што тврдат романските медиуми, Аврамовски е во финални преговори да стане нов член на Динамо Букурешт. Новата средина сигурно ќе влијае позитивно на нашиот фудбалер, поради тоа што таму ќе се сретне со негов поранешен колега од репрезентацијата, Мирко Ивановски.

На почетокот на месецот, Аврамовски изјави дека добил многу понуди: “Засега има интерес од клубови, ама нема уште ништо официјално. Немам ништо договорено со никого, но нема да брзам затоа што и да потпишам некаде, немам право да играм. Кајзери ми го раскина договорот после преодниот рок, и поради тоа ќе морам да чекам до јануари”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови