Connect with us

Дани Себалјос се врати во својот Бетис

Дани Себалјос има емотивно враќање во Бетис, клубот во кој ги направи првите професионални чекори. Според информациите, 30-годишниот играч за врска постигна договор со клубот од Севилја за тригодишна соработка, која ќе важи до јуни 2029 година.

Себалјос во Бетис пристигнува како слободен агент, без клубот да плати обесштетување. Неговото враќање претставува едно од најинтересните случувања во финишот на преодниот рок, особено поради фактот што токму во Бетис ја започна професионалната кариера.

Шпанецот беше дел од младинската академија на клубот, а за првиот тим настапуваше пред во 2017 година да направи голем трансфер во Реал Мадрид.

По осум години минати на „Сантијаго Бернабеу“, Себалјос летово се раздели со мадридскиот гигант. Реал Мадрид на 26 јуни потврди дека двете страни спогодбено го раскинале договорот, со што фудбалерот доби целосна слобода да ја избере својата следна средина.

Изборот падна на Бетис, каде што ќе има можност да се врати во позната средина и повторно да го облече дресот на клубот од кој тргна кон врвот на европскиот фудбал.

Во Мадрид Себајос одигра 215 натпревари и освои дури 16 трофеи. Во богатата колекција има три европски титули и две шампионски круни во Ла Лига, што дополнително ја истакнува големината на неговиот престој во Реал Мадрид.

Враќањето во Бетис за Себалјос затоа не е само нов трансфер, туку и враќање на местото од кое започна неговиот фудбалски пат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови