Дани Карвахал е пред потпис со Хетафе. Долгогодишниот десен бек на Реал Мадрид веќе ги поминал лекарските прегледи, а претседателот на Хетафе, Анхел Торес, потврди дека клубот и фудбалерот постигнале договор. За официјализација на трансферот се чека уште само зелено светло од Ла Лига.
„Фудбалерот веќе ги помина лекарските прегледи кај нас, а договорот меѓу страните е постигнат. Сега останува уште Ла Лига и клубот да постигнат договор“, изјави Торес за „ДАЗН“.
Хетафе треба да ги реши административните услови поврзани со регистрацијата на фудбалерот, по што Карвахал би требало да биде претставен како нов член на тимот.
Карвахал е слободен агент откако на 30 јуни му истече договорот со Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, важна улога во неговото доаѓање во Хетафе имал тренерот Хозе Бордалас, кој лично го контактирал и му ја презентирал својата идеја.
На Карвахал му одговара и можноста кариерата да ја продолжи во околината на Мадрид, каде што го помина речиси целиот свој фудбалски живот.
Шпанскиот десен бек за првиот тим на Реал Мадрид настапуваше од 2013 година, со исклучок на една сезона што ја помина во Баер Леверкузен. Со мадридскиот гигант освои дури шест трофеи во Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Шпанија во 2024 година стана европски шампион.
Хетафе го предводи Хозе Бордалас, тренер кој со години е заштитно лице на клубот, а неговите екипи се препознатливи по цврстиот и директен фудбал.
Хетафе сезонава, покрај настапите во Ла Лига, игра и во Конференциската лига, па во октомври го очекува исклучително густ распоред во три натпреварувања.
По гостувањето кај Барселона, Хетафе ќе одигра европски натпревари против Универзитатеа Крајова и Лугано, паралелно со обврските во Ла Лига и почетокот на настапите во Купот на Кралот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













