Врховниот суд на Каталонија го ослободи бразилскиот фудбалер Дани Алвеш од обвинението за силување на девојка во барселонски ноќен клуб во декември 2022 година.
Судскиот состав, составен од три жени и еден маж, одлучи дека сведочењето на девојката не е доволно за да се потврди затворската казна од девет до 12 години, која ја бараше обвинителството.
По донесувањето на пресудата, адвокатот на Алвеш, Инес Гвардиола, изјави: „Се наоѓам со Дани. Правдата е задоволена. Тој е невин. Ова сега е докажано. Конечно ја гледаме правдата. Многу сме емотивни и среќни. Тоа значи дека човекот е невин. Верувавме во правдата. Дали ќе бараме компензација? Засега не можеме да кажеме ништо.“
Алвеш беше во притвор повеќе од една година, пред да биде пуштен да се брани од слобода по плаќањето на кауција од еден милион долари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лео Меси си купи фудбалски клуб во Шпанија













