Најтрофејниот македонски клуб Вардар го победи Пелистер со 4-1 во вечното дерби на стартот на сезоната на Националната Арена “Тодор Проески” во Скопје. Во прекрасен, вистински дерби амбиент, пред повеќе од 5.000 фанови, и двете навивачки групи, Комити и Чкембари, Вардар го надигра ривалот, а блескаше новото засилување од Работнички, младинскиот репрезентативец, Димитар Данев, кој беше двоен стрелец. Гол постигна и Роџерс Мато, а единствениот погодок за Пелистер беше дело на Лука Булатовиќ.

Данев го отвори резултатот во 45.минута, а на почетокот на вториот дел Роџерс Мато зголеми на 2-0 во 50.минута.

Пелистер се обиде да се врати во игра со голот на Булатовиќ во 65.минута.
Сепак, Димитар Данев во 80.минута, со својот втор гол ги резреши дилемите.

За крај, Кастенада постигна и четврти гол, за убедлив триумф на Вардар од 4-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













