Connect with us

Данев: Беше тешко да се издржи со десетмина, речиси цел натпревар

Вардар не успеа да ја продолжи својата европска приказна, откако по вистинска драма и продолженија беше поразен од Рига со 5-2. „Црвено-црните“ беа на чекор до пласман понатаму, бидејќи до 87. минута имаа резултат што им одговараше, но финишот на мечот им ги урна надежите.

Македонскиот шампион и во двата европски двомеча ова лето избори продолженија, а во регуларните 90 минути успеваше да слави. Сепак, дополнителните 30 минути повторно се покажаа кобни, па сега вниманието на тимот целосно се префрла на обврските во домашното првенство.

Младиот фудбалер Димитар Данев смета дека Вардар дал сè од себе и покрај тешките околности на теренот.

„Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме за секоја минута што ја добивме. Имавме добар почеток, потоа добивме црвен картон, но и покрај тоа тактички останавме дисциплинирани и успешно му париравме на противникот. За жал, примивме гол на три минути до крајот, а во продолженијата беше навистина тешко да се издржи со играч помалку“, изјави Данев.

Со елиминацијата на Вардар, единствен македонски претставник што останува во европските купови е Шкендија, која утре ќе го одигра реванш-дуелот против Браво во обид да избори место во следната квалификациска рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови