Сè било само добро осмислена шега. По видеото на кое изгледаше дека ја бричи препознатливата руса коса, колумбиската фудбалска легенда Карлос Валдерама објави нова снимка и откри дека воопшто не се потстрижал. Наместо тоа, користел лажна ќелава глава за да предизвика реакции.
На првото видео неговата сопруга Елвира Редондо беше прикажана како му ја бричи главата, а 65-годишниот Валдерама делуваше задоволно од новиот изглед. Сепак, навивачите во Колумбија беа изненадени од неговата одлука.
Набргу стана јасно дека нема причина за загриженост. Сè било дел од рекламна кампања за колумбиски бренд на пиво. Валдерама со новото видео потврди дека неговата руса грива останува недопрена и дека не би се откажал од неа по никаква цена.
На 65 години, Валдерама и понатаму е една од најголемите легенди на колумбискиот фудбал. Неговата техника и визија за играта го направија икона на националниот тим, за кој настапуваше на три светски првенства – во Италија во 1990 година, САД во 1994 и Франција во 1998 година.
На клупско ниво, во текот на кариерата ги носеше дресовите на Монпелје, Реал Ваљадолид, Депортиво Кали и Атлетико Хуниор. Сепак, покрај фудбалските квалитети, токму неговата долга коса го направи препознатлив и вистинска фудбалска легенда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













