Connect with us

Дали Италија ќе му пресуди на Монтела?

Винченцо Монтела се наоѓа под сè поголем притисок на селекторската позиција во Турција, а вечерашниот натпревар може да биде пресуден за неговата иднина.

Незадоволството во Турција дополнително се зголеми по убедливиот домашен пораз од 1-4 против Италија во Лигата на нации. По тој неуспех, во јавноста сè погласно се бараше италијанскиот стратег да си поднесе оставка.

Турција моментално е во серија од три последовни порази во ова натпреварување, а разочарувачките резултати доаѓаат и по неуспехот на Светското првенство, каде што репрезентацијата не успеа да ја мине групната фаза.

Монтела има договор со Турската фудбалска федерација до крајот на Европското првенство во 2028 година, со годишна плата од 2,2 милиони евра.

Сепак, неговиот договор не значи и сигурна работа. Според информациите од Турција, доколку биде отпуштен, Монтела ќе добие отштета од 550.000 евра.

Токму затоа вечерашниот натпревар против Италија може да биде одлучувачки. Турција вечерва повторно ќе се соочи со „аѕурите“, а нов пораз дополнително би го разнишал статусот на Монтела.

Конечната одлука за неговата иднина се очекува по последниот натпревар во овој репрезентативен циклус. Доколку Турција повторно загуби, постои реална можност „авиончето“ да одлета од селекторската клупа, но овојпат со солидна отштета во џебот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови