Албасете приреди вистинска сензација и со 3-2 го победи Реал Мадрид, ставајќи крај на настапот на „кралскиот клуб“ во Купот на Кралот.
Тимот кој игра во Сегунда, вториот ранг на шпанскиот фудбал, ја продлабочи кризата на Реал и му приреди шокантно деби на новиот тренер Алваро Арбелоа. За Албасете, ова е прва победа во историјата над големиот шпански гигант.
Мечот беше вистинска драма: Албасете поведе во 42. минута преку Виљар, а Мастантуоно израмни во последните моменти од првиот дел. Во 82. минута Бетанкор повторно ги доведе домаќините во водство.
Реал се чинеше дека се спаси со голот на Гонзало Гарсија за 2-2, но победничкиот гол за Албасете дојде во 94. минута – Хефте Бетанкор постигна својот втор гол на мечот и го обезбеди сензационалниот триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













