Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја продолжува одличната голгетерска серија во дресот на Погон, откако повторно се запиша во листата на стрелците на гостувањето против поранешниот полски шампион Раков.
Чурлинов уште во раната фаза од натпреварот покажа одлично чувство за гол. Во петтата минута македонскиот напаѓач мајсторски ја искористи укажаната можност и со прецизен удар над голманот ја смести топката во мрежата за водство на Погон од 0-1. Сепак, за жал, неговиот тим на крајот го загуби натпреварот со 3-1.
За Чурлинов ова е веќе четврти погодок во полскиот шампионат сезонава, со што продолжува да ја потврдува одличната форма и сè повеќе се наметнува како важна алка во офанзивната линија на Погон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













