Македонскиот второлигаш Беласица ги претстави петте засилувања кои ќе му бидат на располагање на новиот тренер Ване Милков. Најзвучното засилување е Цветан Чурлинов, искусниот напаѓач кој доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано за Работнички, Тетекс, Металург, Хоризонт Турново. Офанзивата ќе ја дополни и 19 -годишниот Дарко Размоски кој игра на крилните позиции, а доаѓа од Брегалница.
Игор Паноски ќе ја засили одбраната, а во изминатите 6 месеци беше стандарден првотимец на Победа Прилеп. На позицијата десен бек ново име е Зоран Ивановски кој досега беше член на Академија Пандев. Од истиот тим и стоперот Никола Спасов потпиша за Беласица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













