Connect with us

Чурлинов и натаму ги тресе мрежите во Германија – нов гол за победа на Келн

Младинскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува да ги „решета“ противничките голови во јуниорската лига Запад во германскиот шампионат.

Чурлинов, во триумфот на Келн против Есен од 5-0, го постигна својот 16-ти гол сезонава. Македонскиот офанзивец и натаму е на чело на листата на најдобрите стрелци во јуниорската лига Запад.

Келн во западната конкуренција од јуниорскиот шампионат е на чело на табелата со 45 бода, еден повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови