Connect with us

Чурлинов и Митровски стрелци за своите тимови пред репрезентативниот собир

Македонските репрезентативци Дарко Чурлинов и Димитар Митровски се во одлична голгетерска форма во пресрет на репрезентативните обврски во Лигата на нации.

Чурлинов продолжува со одличните настапи за Погон Шчечин, постигнувајќи гол на втор натпревар по ред. Македонскиот офанзивец повторно се запиша во листата на стрелците во победата од 2-1 на гостувањето кај Пјаст, со што стигна до својот трет погодок сезонава.

Во голгетерски ритам е и Димитар Митровски, постигна гол на трет натпревар во низа за Олимпија Љубљана, предводена од македонскиот тренер Југослав Тренчовски.

Митровски претходно погодуваше против Гросупље и Копер, а денеска повторно се запиша во листата на стрелците, овојпат против Браво, иако неговиот тим загуби со 2-1.

Одличната форма на двајцата македонски фудбалери доаѓа во вистински момент, само шест дена пред првиот натпревар на Македонија во Лигата на нации. Чурлинов и Митровски со своите настапи испраќаат позитивен сигнал пред стартот на репрезентативниот циклус и сигурно можат да го радуваат селекторот Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови