Connect with us

Чурлинов: Бевме на ниво со Гибралтар, да научиме од грешките со Грузија

Дарко Чурлинов постигна еден гол во триумфот против Гибралтар (4-0), за него трет во дресот на А-тимот на Македонија.


„Мечот со Гибралтар го одигравме како што се бараше од нас. Задоволен сум од првите 45 минути, во второто полувреме исто бевме подобри од ривалот, но недостасуваше завршницата, ама имаше доста дебитанти. Од мое гледиште, овој натпревар ни беше на ниво“, изјави Чурлинов.

Тој вели дека сега треба да се анализираат натпреварите и добро да се подготвиме за последните два меча од групата во септември, против Бугарија дома и против Грузија на гости.

„За следните два меча кои ни доаѓаат мора да направиме добра анализа и за се што минавме низ последните четири натпревари, да си ја пронајдеме грешката која ја направивме со Грузија и да не дозволиме да ни се случи истото. А, дали ќе ни се поклопат коцките на крајот, ќе видиме“, потенцира Чурлинов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови