Арсенал го декласира Реал Мадрид со 3-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Интер, како и во времето на Горан Пандев, го победи Баерн Минхен со 1-2.
“Топчиите” прикажаа игра од соништата. Блескаше Деклан Рајс кој постигна фантастични два гола од слободен удар. Првиот во 58.минута, а вториот уште поубав во 70.минута.
Микел Мерино во 75.минута постигна трет гол за Арсенал и за тотален нокаут на Реал Мадрид.
Интер го победи Баерн Минхен со 1-2 на “Алијанц арена”. Лаутаро Мартинез донесе водство за Интер во 37.минута.
Томас Милер израмни во 85.минута, но Давиде Фратези само три минути подоцна постигна победнички гол за Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













