Connect with us

Човек на Трамп побарал Италија да го замени Иран на Светското првенство во САД

Влијателен претставник од кругот на Доналд Трамп предизвикал вистинска бура на меѓународната сцена со невообичаен предлог поврзан со Светското првенство, објавува „Фајненшл Тајмс“.


Според весникот, било побарано од ФИФА италијанската репрезентација да го заземе местото на Иран на претстојниот Мундијал — идеја што веднаш отворила сериозни дипломатски прашања, со оглед на чувствителните односи меѓу сојузниците и противниците.


Зад иницијативата стои Паоло Замполи, кој директно му се обратил на првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, откако претходно ја споделил идејата и со самиот Трамп.


„Потврдувам дека предложив Италија да го замени Иран на Мундијалот. Како Италијанец, тоа би било исполнување на сон — да се видат ‘аѕурите’ на турнир што се организира во САД. Со четири светски титули, тие имаат историја што го оправдува тоа“, изјавил Замполи.


Позадината на овој потег, според извештаите, има и политичка димензија — обид за подобрување на односите меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои се влошиле поради тензиите околу Иран и критиките кон Папа Лав XIV.


И покрај шпекулациите дека Иран би можел да го бојкотира турнирот поради воените случувања со САД и Израел, од нивната федерација јасно порачаа дека репрезентацијата ќе настапи.
Во меѓувреме, Италија остана без место на Светското првенство откако на пенали беше поразена од Босна и Херцеговина во финалниот плејоф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови