Connect with us

Чоло го „пецна“ Бразилецот: „Вини, Вини, Флорентино ќе те избрка од Реал“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше против Атлетико со 2-1 во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија, но победата не дојде без контроверзни моменти. На теренот, главно внимание привлече жестокиот вербален дуел меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.

Во текот на второто полувреме, Чоло неколкупати се обиде да го „извади од игра“ бразилскиот напаѓач, а камерите го уловија како му упатува остри зборови:


„Вини, Вини, Флорентино ќе те избрка од Реал, запомни ги овие зборови“.

Тензијата го достигна врвот во 81. минута кога Чаби Алонсо го замени Винисиус.


Кратка размена на зборови и турканица крај аут линијата веднаш ја предизвика реакцијата на судијата, кој им додели жолт картон и на Симеоне и на фудбалерот на Реал.


За разлика од некои претходни инциденти, овојпат Винисиус не се предаде на провокацијата и ја сочува смиреноста до крај.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови