Connect with us

Член на УО на ФФМ до Мрме: „Не го користете успехот на Пандев и останатите како ваше алиби“…

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски ја нападна одлуката на ФФМ да го избере Гоце Седлоски за нов селектор на нашиот фудбалски национален тим, истакнувајќи дека „важно им е само личните интереси да бидат задоволени“.


Се јави со контранапад Горан Пандев, кој „распали“ по Мрме нарекувајќи го шарлатан, замислен Наполеон и голем „патриот“, а сега и членот на УО на ФФМ, Дарко Костовски, се јави со свој став на социјалните мрежи. Поточно, му се обрати директно на Игор Ангеловски.

„Вашето последно обраќање до јавноста е класичен пример за тоа како еден поранешен успех може да се користи како оружје за лични пресметки. Додека постојано се повикувате на пласманот на Европското првенство, заборавате дека фудбалскиот свет се движи напред, а Вие, за жал, останавте во Скопје и Букурешт во 2021 година.


​Наместо да бидете конструктивен соработник, Вие се поставивте како врховен судија кој со навредлив речник („фудбалски стаорци“) ја деградира сопствената професија. Критикувате нови решенија и селектори, а во меѓувреме вашиот тренерски биланс по репрезентацијата е речиси непостоечки. Професионализмот се докажува на клупата, а не по кафулиња и со фејсбук-статуси.


​Да се нарекува изборот на Гоце Седлоски „скандал“ е непочитување кон човек кој има исто толку, ако не и повеќе, дадено за македонскиот фудбал. Македонија нема корист од вашата „загриженост“ која мириса на суета, туку има корист од обединетост. Наместо да градите мостови, вие палите огнови во моменти кога на репрезентацијата ѝ е потребен мир.


​Време е да престанете да го користите успехот на Пандев и останатите како алиби за вашата сегашна пасивност и гнев.


ДА ЗАСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ!“, објави Дарко Костовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови