Престижната награда „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона денеска му беше врачена на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Лацио, Чиро Имобиле.
„Ова е највисоката точка во мојата кариера. Кога ја гледам оваа награда добивам желба и одлучност да продолжам да ја освојувам“, изјави Имобиле на свечената церемонија во Рим.
Минатата сезона, 31-годишниот Имобиле постигна 37 прволигашки голови, со што го израмни рекордот според постигнати голови во една сезона во Серија А, и стана само третиот Италијанец, кој ја освоил „Златната копачка“, по Лука Тони, во 2006 година и Франческо Тоти една година подоцна.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













