Connect with us

Чичко Дончо се прости од Васил Рингов: Ми беше чест да соработуваме, вечно ќе те паметиме

Фудбалска Македонија тагуба поради загубата на легендарниот Васил Рингов. Меѓу оние што се простија од големиот играч беше и Андон Дончевски, поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, со кого Рингов имаше соработка во „црвено-црниот“ клуб.

„Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер, а тој како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут. Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот и го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат. Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат. Почивај во мир, Василе. Честа беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме. Вечна ти слава“, објави Андон Дончевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови