Македонскиот вицепрвак Шкупи успеа да доведе уште едно ново име во тимот во пресрет на настапот во Конференциската лига на УЕФА. Нов играч на тимот од Чаир е дефанзивецот Константин Чешмеџиев. Тој потпиша договор на една сезона, а доаѓа од редовите на Вележ од Мостар каде настапуваше во изминатиот шампионат.
„Луѓето од Шкупи ме контактираа пред еден месец, додека се уште бев фудбалер на Вележ и ми го претставија проектот на клубот, именувањето на Гоце Седлоски за нов тренер, изградба на нов стадион и подобрување на комплетната инфраструктура. Искрено, откако ги слушнав плановите, не размислував премногу дали да се согласам и да потпишам договор“, изјави Чешмеџиев за клупскиот сајт.
Новиот фудбалер патува за Охрид и ќе им се приклучи на соиграчите на подготовките за настап во Конференциската лига на УЕФА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski