Фудбалерите на Челси обезбедија пласман во следната рунда од ФА купот, откако на деби натпреварот на Лиам Росениор како менаџер го совладаа Чарлтон на гости со убедливи 1-5.
Стрелци за „сините“ беа Џорел Хато во 45. минута, Тосин Адарабиојо во 50., Марк Гију во 62., како и Педро Нето и Енцо Фернандез во 90. минута.
Росениор на своето прво појавување на клупата изведе речиси целосно резервен состав, што беше прилично храбра одлука. Капитенот Рис Џејмс и Кол Палмер не беа ниту на клупата, како и суспендираниот Марк Кукуреља, додека меѓу резервите се најдоа Чалоба, Енцо Фернандез, Жоао Педро, Педро Нето, Естевао, Лиам Делап и Весли Фофана.
И покрај тоа, Челси го контролираше темпото, имаше поголем посед и беше поконкретен противник. До водство стигна во судиското продолжение на првото полувреме, кога Хато налета на одбиена топка и од околу 12 метри погоди во горниот агол за 0-1.
Во 50. минута „сините“ го постигнаа и вториот гол. Буонаноте изведе краток корнер, а Адарабиојо беше највисок во скокот и со глава ја удвои предноста.
Чарлтон не се предаде и во 57. минута успеа да намали. По корнер и мешаница во шеснаесетникот, Јоргенсен го одбрани првиот удар, но Либурн налета на одбиената топка и погоди за 1-2.
Сепак, Челси брзо повторно се одлепи. Во 62. минута по брз напад, Гарначо продре по левата страна и врати до Буонаноте, чиј удар беше одбранет, но на одбиената топка најбрз беше Марк Гију за 1-3.
Челси имаше јасна доминација и уште неколку шанси, а во финишот влезе и Естевао, кој имаше солиден обид, но голманот на Чарлтон беше сигурен.
Во судиското продолжение Педро Нето по соло-продор по левата страна го измами својот чувар и прецизно погоди за 1-4. Во последната минута Естевао изнуди пенал, а Енцо Фернандез беше сигурен реализатор за конечни 1-5.
Така Челси на деби настапот со новиот менаџер стигна до првата победа и обезбеди пласман во четвртото коло од ФА купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













