Connect with us

Челси преку Кардиф до полуфинале во Карабао купот

Челси е првиот полуфиналист во Карабао Купот. „Сините“ го совладаа Кардиф Сити со 1-3 на гостински терен, иако настапија претежно со резервен состав. Херој на натпреварот беше Алехандро Гарначо, кој постигна два од головите за победата.

Првото полувреме беше помалку интересно. Единствената закана дојде од Марк Гиу од редовите на гостите, чиј удар го одбрани Нејтан Трот со брилијантна интервенција.

Во 54. минута, Гарначо, кој влезе од клупата на почетокот од второто полувреме, пропушти одлична шанса очи в очи со Трот. Само три минути подоцна, Аргентинецот се најде во прегратките на соиграчите откако го отвори резултатот. Факундо Буонаноте центрираше, а тој погоди за 0-1.

Петнаесет минути подоцна, спротивно на текот на играта, Кардиф стигна до израмнување. Пери Нџи упати одличен центаршут кон Дејвид ТУрнбул, кој со глава ја смести топката зад грбот на голманот Јоргенсен за 1-1.

Челси брзо се созеде од шокот. Во 82. минута, Жоао Педро одлично се снајде со грб кон голот, проигра до Андреј Сантос, кој продолжи кон Педро Нето, а тој со прецизен дијагонален удар погоди за 1-2.

Во третата минута од судиското продолжение гостите го постигнаа и третиот гол. Педро упати додавање до Гарначо, кој го постави конечниот резултат, 1-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови