Connect with us

Челси не го остави Тотенхем да здивне, сѐ уште му виси опстанокот во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Челси освои огромни три бода во лондонското дерби против Тотенхем, совладувајќи го градскиот ривал со 2-1 во претпоследното коло од Премиер – лигата.

На „Стемфорд Бриџ“ се играше натпревар со голем влог за двата тима. Челси беше под притисок поради борбата за излез во Европа, додека Тотенхем се обидуваше да избегне драматичен финиш во битката за опстанок.

Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и заслужено дојде до предност во 18. минута. Енцо Фернандез испрати одличен удар од далечина, а голманот Антонин Кински немаше шанса да реагира.

Челси продолжи да доминира и во второто полувреме, а аргентинскиот репрезентативец повторно се најде во центарот на вниманието. Во 67. минута Фернандез одлично го проигра Андреј Сантос, кој рутински реализираше за сигурни 2-0.

Сепак, гостите не се откажаа. Ришарлисон внесе неизвесност со погодокот во 74. минута, откако доби маестрална асистенција со петица од Папе Сар.

Тотенхем во завршницата силно притисна во обид да стигне до бод, а најголемата шанса ја имаше Џејмс Медисон. Но, Џарел Хато со извонредна интервенција спречи сигурен гол и му донесе важна победа на Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови