Челси официјално објави потпишување на двајца млади играчи од Спортинг Лисабон, Џеовани Куенда и Дарио Есуго, за вкупна отштета од 74 милиони евра. Куенда ќе му се приклучи на Челси во летото 2026 година за 52 милиони евра, додека Есуго ќе пристигне ова лето за 22 милиони евра.
Џеовани Куенда е млад португалски фудбалер кој моментално игра за Спортинг Лисабон. Роден е на 30 април 2007 година во Гвинеја Бисау, но како дете се преселил во Португалија, каде ја започнал својата фудбалска кариера. Куенда беше цел и на Манчестер Јунајтед кој го предводи Рубен Аморим, но Челси беше побрз.
Куенда е познат по својата брзина, дриблинг и напаѓачките способности. Игра на десната крилна позиција, а понекогаш може да биде корисен и како десен бек. За Спортинг досега има одиграно 44 натпревари, а постигнал два гола и осум асистенции.
Дарио Касија Луис Есуго е португалски фудбалер кој моментално игра како играч за врска на Лас Палмас, на позајмица од Спортинг Лисабон. Роден е на 14 март 2005 година во Одивелас, а има анголско потекло. Есуго дебитираше за Спортинг Лисабон на 20 март 2021 година против Виторија Гимараеш, станувајќи најмлад дебитант во историјата на клубот со 16 години и 6 дена.
Есуго е познат како дефанзивен играч за врска, но може да игра и на централната позиција во средниоит ред. Има извонредни способности во тактичкото позиционирање, одбраната и се карактеризира со прецизни додавања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













