Connect with us

Челси купи Аргентинец како замена за Марк Кукуреља

Челси официјално го потврди ангажманот на 22-годишниот Валентин Барко, кој пристигнува од „братскиот“ клуб Стразбур за сума од околу 40 милиони евра.

Аргентинецот потпиша седумгодишен договор со лондонскиот клуб и стана деветтото засилување на Челси во летниот преоден рок.

Примарната позиција на Барко е во средниот ред, но тој може да одговори и на левата страна, поради што во клубот го гледаат како потенцијална замена за Марк Кукуреља, кој замина во Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Аргентина последните 18 месеци ги помина во Стразбур, кој претходно плати 10 милиони евра за неговиот трансфер од Брајтон. За францускиот клуб Барко одигра 58 натпревари, на кои постигна три гола и забележа 11 асистенции.

Барко беше дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство 2026, но запиша само еден настап и тоа како резерва. Сепак, привлече големо внимание по полуфиналниот натпревар против Англија, кој Аргентина го доби со 2-1, кога по завршувањето на мечот беше удрен по тилот од англиската ѕвезда Џуд Белингам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови