Сагата околу Винисиус Жуниор станува сè покомпликувана. Преговорите за продолжување на договорот се во застој, односот со дел од навивачите на Реал Мадрид повеќе не е она што беше, а формата на Бразилецот е далеку од нивото што го прикажуваше пред една и пол сезона. Во таков амбиент, почнуваат да се појавуваат и првите сериозни сигнали од пазарот.
Според британскиот „Гардијан“, Челси подготвува спектакуларен потег и размислува за понуда од околу 160 милиони евра за ѕвездата на „кралевите“. Во Лондон, каде финансиската моќ по доаѓањето на Тод Боели ретко претставува пречка, ситуацијата околу Винисиус ја гледаат како идеална можност – особено ако Реал не успее навреме да го заокружи продолжувањето на договорот.
Со актуелен договор до 2027 година и замрзнати преговори за нов, „сините“ се првиот клуб кој отворено разгледува мегатрансфер што би одекнал силно и на англиската, но и на европската фудбалска сцена. Доколку се реализира, трансферот би бил еден од најголемите во историјата на Премиер – лигата.
Во тој случај, Винисиус би станал најскап играч во историјата на англискиот фудбал, надминувајќи ја сумата што Ливерпул ја плати за Флоријан Вирц, а воедно би го лишил Реал од еден од своите клучни играчи – поранешен добитник на „The Best“ и лидер во освојувањето на последните две титули во Лигата на шампионите.
Во Мадрид се свесни дека мора да се избегне сценарио во кое Винисиус би влегол во последната фаза од договорот без јасна иднина. Тоа би му дало поголема преговарачка моќ и би го ставило клубот во подредена позиција, принудувајќи го да слуша понуди уште ова лето, со цел да избегне негово заминување без обештетување во 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













