Connect with us

Челси ќе понуди 150 милиони евра за Морган Роџерс

Челси подготвува потег кој би можел да го потресе европскиот фудбалски маркет и да привлече огромно внимание ширум континентот.

Според шпанските медиуми, лондонскиот клуб сериозно размислува за понуда која би се сметала за една од најголемите во историјата на клубот.

На мета на „сините“ се наоѓа англискиот репрезентативец и крилен играч на Астон Вила, Морган Роџерс, кој оваа сезона покажува извонредни партии.

Шпанскиот портал „Фичајес“ пишува дека Челси е подготвен да издвои дури 150 милиони евра за да го доведе еден од најбараните млади играчи во Премиер – лигата. Таквата сума би претставувала вистински шок, особено ако се има предвид дека Роџерс сè уште го гради своето име на најголемата сцена.

Роџерс оваа сезона е еден од клучните играчи на Астон Вила, а неговите настапи не останаа незабележани ни кај селекторот на Англија. Челси одамна бара вистинско решение за крилната позиција, кое ќе биде темел на тимот во годините што следат.

Раководството на клубот очигледно нема намера да штеди кога станува збор за засилување на тимот и враќање на самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Сепак, Астон Вила нема лесно да се откаже од својот бисер, па евентуалните преговори може да бидат долги и сложени. Фановите на Вила веќе реагираа на овие шпекулации, истакнувајќи дека губењето на Морган Роџерс би било голем удар за амбициите на клубот.

Дел од фудбалската јавност смета дека сумата од 150 милиони евра е преголема, без оглед на потенцијалот на играчот. Доколку трансферот се реализира, Роџерс би станал еден од најскапите англиски фудбалери на сите времиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови