Италијанскиот тренер Енцо Мареска повеќе не е менаџер на Челси, официјално соопшти клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Мареска пристигна во Челси во летото 2024 година и со „сините“ ги освои Лигата на конференции и Светското клупско првенство.
Сепак, Италијанецот не успеа да го претвори Челси во сериозен кандидат за освојување на титулата во Премиер лигата, а по послабите резултати во последниот период дојде до несогласувања со клупската управа, што резултираше со конечна разделба.
„Фудбалскиот клуб Челси и главниот тренер Енцо Мареска се разделија.
За време на својот престој во клубот, Енцо го предводеше тимот до успех во УЕФА Лигата на конференции и ФИФА Светското клупско првенство. Тие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за придонесот.
Со клучни цели кои сè уште треба да се исполнат во четири натпреварувања, вклучително и пласман во Лигата на шампионите, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најдобри шанси да ја врати сезоната на вистинскиот пат.
Му посакуваме на Енцо сè најдобро во иднина“, стои во соопштението на Челси.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













