Белгискиот интернационалец Еден Азар би можел да го напушти Реал Мадрид и да се врати во Челзи, тврди шпанскиот весник „АС“. Менаџерот Томас Тухел очајно бара нов напаѓач, се обидува со Ерлинг Халанд и со Роберт Левандовски, но очигледно ова лето нема да успее да доведе еден од двајцата екстра напаѓачи од Бундес – лигата.
Затоа, лондонскиот клуб сериозно ја разгледува можноста за враќање на Еден Азар. Тој блескаше во дресот на Челси, но никогаш не успеа истата форма да ја покаже и во Реал Мадрид.
Азар пристигна во Реал Мадрид од Челси летото 2019 година за 115 милиони евра, а претходно седум години играше на „Стемфорд бриџ“. Од доаѓањето во Реал го притиснаа повреди и не го покажа својот потенцијал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













