Челси е подготвен на лето да се раздели со вториот голман Кепа Аризабалага. На „Стемфорд бриџ“ се надеваат дека ќе добијат барем неколку понуди за шпанскиот голман, кој не е дел од плановите на менаџерот Томас Тухел.
Кепа и понатаму е најскапиот голман во светот, откако лондончани за него платија неверојатни 80 милиони евра на Атлетик Билбао во 2018 година. Сепак, тој разочара со своите настапи и постепено го загуби стартното место на голот од Едуард Менди.
Шпанецот заработува огромна плата од 150.000 евра неделно и затоа „сините“ бараат начин да се ослободат од овој финансиски товар.
Кепа има договор со Челси до 2025 година, но клубот се надева дека ќе најде купувач на лето. Во моментов цената на Шпанецот падна на неверојатни 10 милиони евра и многу тимови можат да си дозволат да ја платат. Сепак, неговата висока плата одбива многу од кандидатите за неговиот потпис.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













