Челси и официјално го објави потписот на централниот дефанзивец Тосин Адарабиојо, кој на „Стемфорд бриџ“ доаѓа како слободен играч од Фулам. 26-годишниот поранешен младински репрезентативец на Англија пристигна на „Крејвен Котиџ“ од Манчестер Сити и беше клучен играч во тимот на Фулам во последните четири сезони, со 119 настапи за нив.
Сепак, неговиот договор истече откако неколкупати одби да го обнови. Челси успеа да ја добие битката за него против конкуренцијата на Манчестер Јунајтед и Њукасл, кои исто така се обидуваа да го ангажираат.
Адарабиојо потпиша четиригодишен договор со Челси и стана првото ново засилување на клубот под новиот менаџер Енцо Мареска.
„Челси е огромен клуб. За мене тоа е еден вид враќање на моите корени затоа што сум роден на три милји од „Стемфорд Бриџ“ и дебитирав професионално на овој стадион. Многу сум возбуден и едвај чекам да му помогнам на клубот да оди во насоката што сите ја сакаме“, изјави Тосин за веб-страницата на Челси.
Tosin is a BLUE! 💙✍️ pic.twitter.com/DrBrUFcWNT
— Chelsea FC (@ChelseaFC) June 7, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













