Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, уште еднаш потенцираше дека Европската фудбалска организација останува на првичниот план, Европското првенство да се игра во 12 града. Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рома и Санкт Петербург се градовите во кои ќе се играат мечевите од ЕВРО 2021, а Македонија ќе биде гостин во Букурешт и во Амстердам.
Чеферин вели дека УЕФА ќе даде простор ЕВРО 2021 да се игра со присуство на публика.
„УЕФА е посветена на организацијата на ЕВРО 2021 во 12 градови домаќини, како што беше и оригиналниот план. Тоа е најпрестижното натпреварување во Европа, најдобрите селекции од континентот ќе се борат за трофејот. Оптимист сум дека нештата ќе бидат многу поинакви во поглед на вирусот како што се приближуваме до почетокот на шампионатот. Навивачите се неверојатно важен дел од Европското првенство и ние сакаме да си дадеме максимален простор за да веруваме дека стадионите ќе бидат исполнети во јуни. Нема да има таканаречени „меури“, се надеваме на нормално одвивање на Европското првенство“, изјави Чеферин.
Македонија е во група со Австрија, Украина и со Холандија. Првите два меча ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и против Украина, а потоа ќе се пресели во Амстердам за дуелот со Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













