Речиси пет години по неуспешниот обид за создавање на Европската Суперлига – проект кој го иницираа богатите клубови, конечно е означен крајот, откако и Реал Мадрид, главниот двигател на целата идеја, официјално се повлече.
По месеци преговори, УЕФА, Европската федерација на клубови (ЕФК) и Реал Мадрид постигнаа договор за принципите кои ќе служат за доброто на европскиот клубски фудбал. Со тоа, Реал Мадрид формално го напушти проектот на Суперлигата.
„Овој договор за принципите ќе послужи и за решавање на правните спорови поврзани со Суперлигата, откако овие принципи ќе бидат применети и имплементирани“, се наведува во соопштението.
„Се почитува принципот на спортски заслуги, со фокус на долгорочна одржливост на клубовите и подобрување на искуството на навивачите преку употреба на технологија“, додаваат од УЕФА.
За потсетување, во 2021 година Суперлигата беше најблиску до реализација како независно натпреварување од УЕФА. Првично беа подготвени да учествуваат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем. Сепак, огромниот притисок од јавноста и навивачите резултираше со тоа клуб по клуб да се повлечат.
Прво се повлекоа англиските клубови, а потоа останатите, па по извесно време во проектот останаа само Реал Мадрид, Јувентус и Барселона. Јувентус се повлече во 2023 година, а целосниот крај на проектот стана јасен пред неколку дена кога и Барселона го напушти проектот.
Иако сега ова се претставува како договор за принципи, јасно е дека УЕФА, предводена од Александер Чеферин, постигна голема победа над Реал Мадрид и Флорентино Перез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













