Заминувањето на фудбалската легенда Васил Рингов длабоко ја потресе спортската јавност и сите вистински вљубеници во фудбалот. Од сите страни пристигнуваат пораки со сочувство и почит, а со свои зборови до медиумите се обрати и Чедомир Јаневски, поранешен соиграч на Рингов во редовите на Вардар, дел од златната генерација која во 1987 година ја освои шампионската титула во поранешна Југославија.
„Драг мој пријател и соиграч Васе, ќе те паметам по твојата човечност и по незаборавните моменти што ги делевме заедно. Секогаш кога престојував во Македонија, се трудев да одвојам време за средба со Рингов и со другите вардарци. Со голема тага, но и благодарност, се простуваме од него. Искрено сочувство до неговото семејство – нека почива во мир“, изјави Јаневски.
Погребот на Васил Рингов се одржа денеска, на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













