Connect with us

Чаби Алонсо: Тренерот на Реал мора да е подготвен за секакви ситуации

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се обрати пред медиумите пред утрешниот дуел со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

„Ова е многу важен меч и голема можност за нас да напредуваме во Лигата на шампионите и да освоиме нови бодови. Фановите и играчите знаат каков тип натпревар ги очекува и се подготвени. Сите сме убедени дека можеме да победиме утре. Треба да играме со добар ритам и интензитет“, изјави шпанскиот стручњак.

Алонсо не сакаше да се навраќа на поразот од Селта Виго, истакнувајќи дека анализите се направени и дека сега фокусот е само на Манчестер Сити.

„Ние сме тим, сите сме обединети. Кога си тренер на Реал Мадрид, мораш да бидеш подготвен за вакви ситуации. Во фудбалот работите се менуваат многу брзо – за добро или за лошо“, додаде тој.

Шпанецот истакна дека клучот не е да се менуваш, туку да се адаптираш.


„Јас многу добро го познавам тимот. Потребно е да се прилагодиш и да учиш. Има добри денови и такви што не се добри, но се обидуваме да се справиме со секоја ситуација“, додаде Чаби Алонсо.

Тој не сакаше да го коментира случајот на Мохамед Салах во Ливерпул и да го споредува со Винисиус во Реал Мадрид.


„Тоа се одлуки што ги носи Ливерпул. Јас не можам да знам точно што се случува таму, па не можам да се изјаснам“, рече Алонсо.

На крај, тој зборуваше и за утрешниот противник.


„Манчестер Сити е тимот на Пеп. Тој е таму веќе осум години и работел со различни тимови. Оваа сезона внесе нови играчи, но стилот му е препознатлив.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови