Минатата сезона Реал Мадрид се соочи со вистински бран на повреди, што сериозно го загрижи новиот тренер Чаби Алонсо. Во изминатите дванаесет месеци, во тимот биле регистрирани вкупно 51 повреда, од кои дури 37 мускулни, што претставува голем проблем за клуб со највисоки амбиции.
Свесен за сериозноста на ситуацијата, Чаби Алонсо уште при потпишувањето на договорот побарал од раководството на „кралскиот клуб“ да воведе современа технологија за превенција на повреди, позната како „ThermoHuman“. Овој систем, кој веќе го користел додека беше тренер на Баер Леверкузен, е применуван и во клубови како Астон Вила и Ница.
„ThermoHuman“ комбинира термални камери и вештачка интелигенција за да открие потенцијални проблеми во организмот на играчите пред тие да прераснат во повреди. Процесот е следен: фудбалерите минуваат пред специјална камера, а потоа софтверот врши анализа на снимките и открива можни температурни разлики меѓу различни делови од телото. Преку податоци собрани во подолг временски период, системот овозможува навремено препознавање на ризиците.
Од Реал Мадрид потенцираат дека ова не е магично решение:
„Ако технологијата навистина можеше да ги елиминира сите повреди, сите големи клубови веќе ќе ја користеа. Не очекуваме проблемите целосно да исчезнат, но системот ни овозможува да забележиме кога некој дел од телото е преоптоварен или има нерамнотежа. Целта ни е да одржуваме рамнотежа и симетрија. Дополнителниот софтвер на ‘ThermoHuman’ овозможува моментална обработка на податоците, нивна споредба и добивање на препораки преку вештачка интелигенција. Сепак, без соодветно знаење и искуство, податоците сами по себе не значат ништо.“
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













