Шпанскиот тренер Чаби Алонсо, кој блеска со Баер Леверкузен, е сè поблиску до клупата на Реал Мадрид и според последните информации – ќе го води тимот на Светското клупско првенство ова лето.
Првично, Чаби Алонсо одби да го преземе Реал веднаш по крајот на сезоната, сакајќи да почне „од нула“ во претсезоната. Свесен за ризикот да влезе во важен турнир без доволно време за адаптација, тој му порача на претседателот Флорентино Перез дека не сака да биде дел од Светското клупско првенство. Но, се чини дека дошло до пресврт.
Како што објави шпанскиот „Релево“, Алонсо сепак ја сменил одлуката и прифатил да го води тимот на турнирот во САД, кој почнува на 14 јуни. Причината? Не може да одолее на можноста уште на самиот старт со „кралевите“ да освои трофеј.
Флорентино Перез му дал уверување дека неговата позиција нема да биде доведена во прашање дури и во случај на неуспех, бидејќи фокусот останува на новата сезона. Овој гест од Перез дополнително го охрабрил Алонсо да ја прифати улогата месец дена порано од планираното.
Претставувањето на новиот тренер се очекува до крајот на мај, а Чаби Алонсо ќе има само две недели за подготовка пред големиот предизвик на турнирот каде Реал ќе биде меѓу главните фаворити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













