Кризата во Реал Мадрид се продлабочува, а тензиите меѓу стручниот штаб и раководството очигледно растат. „Кралскиот клуб“ минува низ тешка прва половина од сезоната, заостанувајќи четири бода зад лидерот Барселона во трката за титулата во Ла Лига.
Според информациите на радио „Коп“, шефот на стручниот штаб Чаби Алонсо води сериозна битка за да ја задржи својата позиција и побарал итно засилување на тимот во зимскиот преоден рок. Неговата главна желба била ангажман на нов играч од средниот ред, кој би ги пополнил празнините настанати поради зачестените повреди во екипата во изминатите месеци.
И покрај инсистирањето на Алонсо, високите функционери на „Сантијаго Бернабеу“ ја одбиле неговата молба. Според клупските челници, актуелните опции во средниот ред се сосема доволни за тимот успешно да ја истурка сезоната до крај.
Во моментов, Реал располага со импресивна листа на имиња како Џуд Белингам, Аурелиен Чуамени, Едуардо Камавинга, Арда Ѓулер, Дани Себалјос и Феде Валверде.
Иако на хартија станува збор за состав од светска класа, токму во оваа зона „кралевите“ се соочуваат со најголеми проблеми од почетокот на сезоната.
Дополнителна причина за одбивањето од страна на раководството е довербата во младите таленти од академијата. Клупските шефови му посочиле на Алонсо двајца фудбалери од школата, Тиаго Питарх и Хорхе Сестеро, како реални алтернативи кои би можеле да добијат шанса во првиот тим.
Ова не е првпат раководството да ги игнорира желбите на тренерот. Потсетуваме дека на крајот од минатата сезона клубот одлучи да не му понуди нов договор на Лука Модриќ, што резултираше со негово заминување во Милан како слободен агент. Тогаш Алонсо инсистираше поранешниот соиграч да остане на „Бернабеу“, но зборот на раководството се покажа како пресуден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













