Connect with us

Чаби Алонсо подготви 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Арда Ѓулер е голема желба на новиот менаџер на Челси, Чаби Алонсо, а лондонскиот клуб подготвува понуда од 115 милиони евра за турскиот фудбалер.

Чаби Алонсо и Арда Ѓулер би можеле повторно да соработуваат по периодот во Реал Мадрид. Шпанскиот стратег го презеде Челси и сака 21-годишната ѕвезда на „кралскиот клуб“ да биде дел од неговиот тим, па наскоро на адреса на мадридскиот гигант ќе пристигне официјална понуда.

„Сините“ немаат намера да штедат. Подготвени се да понудат 115 милиони евра, сума која сигурно ќе го привлече вниманието на Реал Мадрид.

„Челси подготвува понуда од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за играчот од средниот ред на Реал, Арда Ѓулер. Тоа е на барање на Чаби Алонсо“, пренесуваат англиските медиуми.

Сепак, според истите извори, Реал Мадрид во моментов нема намера да се раздели со 21-годишниот турски репрезентативец во текот на летниот преоден рок.

Покрај Челси, интерес за Ѓулер покажуваат и Арсенал и Ливерпул, но засега младиот фудбалер размислува исклучиво за својата иднина во Реал Мадрид.

Ѓулер веќе три години е член на мадридскиот гигант. Иако има настапено на 112 натпревари, сè уште постои впечаток дека не добил вистинска шанса да го покаже целиот свој потенцијал.

Додека тренер на Реал беше Карло Анчелоти, неговата минутажа беше ограничена. Со доаѓањето на Чаби Алонсо ситуацијата значително се подобри, а редовно играше и под водство на Алваро Арбелоа.

Сега во Мадрид пристигнува Жозе Мурињо, а токму легендарниот португалски стратег би можел да има клучен збор околу иднината на турскиот талент. Неговата одлука дали Ѓулер е неопходен дел од тимот може да биде пресудна и за интересот на Челси, но и за конечната одлука на самиот фудбалер.

Во Челси го гледаат како лидер на новата генерација, а Чаби Алонсо верува дека Арда Ѓулер е подготвен за голем исчекор во кариерата и улога на еден од главните играчи во врвен европски клуб.

Арда Ѓулер досега има одиграно 112 натпревари за Реал Мадрид, при што постигнал 18 голови и забележал 25 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови