Connect with us

Чаби Алонсо: Мораме да одиграме совршен натпревар за да ја победиме Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, вечерва има шанса да го освои својот прв трофеј на чело на тимот, откако ќе ги предводи „кралевите“ против Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија. Многумина, сепак, даваат предност на Барселона поради подобрите резултати во Ла Лига.


Дополнително, „кралевите“ веројатно се под влијание и на тешкиот пораз од 2-5 од Каталонците во истиот дуел пред една година.


Сепак, Алонсо е оптимист и е убеден дека неговите фудбалери имаат сили да се справат со вечниот ривал.

„Ова е посебен меч, многу сакавме да бидеме тука. Важни ќе бидат и фудбалскиот и емоционалниот аспект. Подготвени сме и мораме да одиграме совршен натпревар.“

„Ова е финале, ова е меч. Многу добро се познаваме, меѓу двата тима нема тајни. Сè може да се случи и ние сме концентрирани на тоа што треба да го направиме и како да го одиграме мечот. Ќе има различни моменти. Мораме да ја имаме потребната енергија“, истакна Чаби Алонсо.

Тој се осврна и на состојбата на првата ѕвезда Килијан Мбапе, кој се опорави од повредата и допатува во Џеда за финалето.

„Тој е многу подобро. Против Атлетико Мадрид беше на работ да може да игра и решивме да не брзаме, имајќи предвид дека може да биде подготвен за финалето. Стигна со авион и вчера тренираше со тимот. Ќе го оцениме и ќе одлучиме дали ќе започне во првиот состав или ќе игра помалку. Тоа е одлука што ќе ја донесеме заедно со играчот, тренерскиот штаб и лекарите. Мора да се процени ризикот – моментот во кој се наоѓаме и што е во игра. Не сме камикази кога донесуваме одлуки. Ова е контролиран ризик“, истакна тренерот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови