Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ги сподели своите впечатоци по победата над Атлетико Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија. Тој беше задоволен од настапот на својот тим, но се осврна и на скандалот меѓу Винисиус Жуниор и Диего Симеоне, оценувајќи го однесувањето на Аргентинецот како „неприфатливо“.
„Целта беше да стигнеме до финалето. Се одигра многу израмнет и борбен полуфинален натпревар. Мечот од самиот почеток се развиваше добро за нас. Тимот се бореше и знаеше како да издржи. При резултат 2-1 се стабилизиравме и добро го контролиравме натпреварот“, започна Алонсо.
Потоа тој му оддаде признание на стрелецот на првиот гол, Федерико Валверде, чиј удар од слободен удар беше со брзина од 108 км/ч.
„Навистина го посакував тој гол. Неколку пати беше блиску до него и сега конечно се случи. Го заслужи. Тој почеток ни даде предност. Моравме и да се браниме. Измените влегоа добро и среќни сме што ќе играме во финалето во недела. Раниот гол влијаеше врз текот на натпреварот. Идејата беше да препознаеме што треба да правиме во секој момент. Најважно е што победивме и сме во финале“, додаде стратегот.
Рудигер изгледаше дека има болки и беше заменет во 69. минута.
„Тони вложи огромен напор и издржа колку што можеше. По измените се стабилизиравме. Задоволни сме од сработеното“, дополни Шпанецот.
На крајот се осврна и на случувањата меѓу Винисиус и Симеоне.
„Тој момент не ми се допадна. Чоло му кажа нешто, а таквите работи ја преминуваат границата на спортскиот дух што треба да го имаме кон колегите. Не ми се допаѓа кога така се однесуваат кон противниците. Не е сè дозволено. Разговарав со Винисиус и тоа ќе остане меѓу нас“, заклучи Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













