Connect with us

Бура на Флорида го прекина тренингот на Португалија

Репрезентацијата на Португалија беше принудена да го прекине тренингот и да ја откаже планираната прес-конференција поради неповолни временски услови во Флорида.

Фудбалерите мораа предвреме да го напуштат теренот поради силни грмежи и обилен дожд во Палм Бич, каде што европската селекција ги одржува своите подготовки.

Прес-конференцијата на португалската репрезентација исто така беше откажана поради безбедносни причини и опасност од невремето.

Предводени од Кристијано Роналдо, Португалците се подготвуваат за својот прв натпревар на Светско првенство 2026, кој ќе го одиграат во среда против Демократска Република Конго.

Останати противници на Португалија во групната фаза се Узбекистан и Колумбија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови