Арон Бупендза, 28-годишниот фудбалски репрезентативец на Габон и член на кинескиот клуб Жејианг, трагично го загуби животот во Хангжу по пад од 11-ти кат на зграда.
Фудбалскиот свет е во шок. Смртта на еден млад и талентиран играч како Бупендза предизвика голема тага кај соиграчите, клубовите во кои играл, и навивачите низ целиот свет.
Сè уште не се потврдени деталите за несреќата, иако се појавија шпекулации за можно самоубиство, властите во Кина водат истрага за да се утврди вистинската причина. Клубот реагирал кога не се појавил на тренинг, што ја покренало тревогата и на крај резултирало со оваа трагична вест.
Бупендза потекнува од Габон и ја почнал кариерата во клубот Мунана. Играше и за Бордо, Ажаксио, Феиренсе, Ал-Араби, Ал-Шабаб, Синсинати, Рапид Букурешт и Жејианг. Се прослави во Хатајспор, каде што беше најдобар стрелец на турската Суперлига (2020/21).
За Габонската репрезентација одигра 35 натпревари и постигна осум голови, вклучително и настап на Африканскиот куп на нации 2021.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













