Connect with us

Букајо Сака ќе потпише со Арсенал до 2031 година

Букајо Сака официјално останува верен на Арсенал. Англискиот репрезентативец го продолжува договорот со „топчиите“ за уште пет сезони, останувајќи на „Емирати“ до 2031 година со значително подобрени финансиски услови. Клубот го гледа како еден од најдобрите на својата позиција во Европа и е свесен дека најсилните тимови на континентот би биле во трка за него, доколку постоеше каква било пречка за новиот договор.

Иако има само 24 години, крилниот напаѓач веќе има директен придонес во 105 гола во Премиер лигата. Во оваа сезона постигна седум погодоци на 27 натпревари, а во кариерата за Арсенал веќе собра импресивни 250 настапи.

Сака е дел од Арсенал уште од седмата година, а во првиот тим дебитираше во 2018 година, брзо станувајќи еден од клучните играчи во ерата на Микел Артета. Клубот јасно планира да продолжи да го гради тимот околу својот младиот ас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови