Connect with us

Буфон си заминува од Јувентус поради Пирло?

Една од причините зошто Џанлуиџи Буфон го напушта Јувентус е неговиот „студен однос“ со Андреа Пирло. 43-годишниот ветеран вчера објави дека ќе ја напушти “старата дама” по вторпат во кариерата на крајот на сезоната.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ тврди дека Буфон и Пирло се блиски пријатели, кои заедно освоија многу трофеи, вклучувајќи го и Светското првенство. Сепак, голманот се надевал на повеќе минутажа сезонава, и на тоа да биде повеќе вклучен како авторитет во соблекувалната.

Поранешниот италијански резпрезентативец има 12 настапи во сите досегашни натпреварувања. Неговиот договор со “бјанконерите” истекува на крајот на тековната сезона, а тој ќе си замине како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови